Кремисимо Трибина

Кремисимо Трибина

Тимот на Кремисимо по долгогодишно искуство и успешно работење, ја продолжува својата работа со една нова и уникатна приказна, во Рекреативниот Центар Хиподром. Идеално место за фамилии, млади и деца, со капацитет до 300 гости под природна сенка и прекрасна околина. Располагаме со разни детски реквизити, голем паркинг простор, и вкусна храна. Детскиот дел е идеален за родендени и помали прослави/крштевки, каде ќе имате голема прегледност на вашите најмали во делот за играње. Кремисимо Трибина располага и со зимски затворен дел модерно уреден и зимска тераса со прекрасен поглед. Повелете на освежителен коктел под природна сенка во жешките денови или пак на топло чоколадо во пријатен топол амбиент со убав поглед за време на зимските и есенски денови.